Објавено на:

Загинаа осум лица, меѓу кои и петмесечно бебе, при гранатирање на вториот најголем град во Украина, Харков

t

Загинаа осум лица, меѓу кои и петмесечно бебе, при гранатирање на вториот најголем град во Украина, Харков. Повредени се 17 лица.

Три други лица настрадаа во руските напади на областа Лисичанска, источен град каде, заедно со Северодоњецк, руските сили ја фокусираат агресијата изминатите денови.

Гувернерот на Харков, Олег Шинехубов информираше за загинати двајца мажи на возраст од 64 и од 82 години, а десетина лица се повредени, меѓу кои и деветгодишно девојче, при гранатирање на градот Балаклија.

Украинските власти наведуваат дека руските сили и понатаму се обидуваат да напредуваат во областа Северодоњецк, преостанатиот дел од Луганск, што е под контрола на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Западот сака да ја распарчи Русија и…

Западните земји отворено повикуваат на распарчување на…

Кина апелира Русија и Украина да не…

Шефот на кинеската дипломатија, Ванг Ји, во денешниот…

Ковачевски од ОН: Русија да се повлече…

Се наоѓаме пред голем предизвик, не очекува…

Вучиќ дециден: Србија нема да гласа за…

Претседателот на Србија Александар Вучиќ за српските…

Денот Д: Русија може да разгледа закон…

Советот на Руската Федерацијата може да разгледа…