Загина најдобриот пилот во Украина, кој беше одликуван за храборст само неколку дена пред неговата смрт

Антон Листопад, кој ја доби титулата најдобар пилот на воено – воздухопловните сили на на Украина во 2019 година, загина во војната против Русија. Тој се вклучи во одбраната на Украина во првите моменти по руската инвазија на Украина објави преку социјалната мреѓа Фејсбук воената академија на која Листопад дипломирал.
„Антон Листопад загина во одбрана на украинската држава. Во 2019 година, Антон беше прогласен за најдобар пилот на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина. Патот на Антон на чело на борбен авион беше тежок, но значаен. Младиот човек тврдоглаво го следеше својот сон – да стане пилот, да лета високо на небото како птица и да ја набљудува убавината на Земјата со орелско око.На денот на 30-годишнината од независноста, милиони Украинци со восхит и гордост го гледаа летот на воздушната колона на воената парада над Хрешчатик Нашиот Антон беше водач на овој конвој“, се наведува во пораката.
Веста за загинувањето на Листипад ја објави и весникот „Киев Индепендент“. Според првичните сознанија Антон загинал во возушните битки , но не се наведува каде. Украинскиот престедател Зеленски му додели Орден за храброст само неколку дена пред пилотот Антон Листопад да загине.
На війні загинув один із найкращих льотчиків Повітряних сил ЗСУ Антон Листопад https://t.co/ywuLaNx8KH pic.twitter.com/9zwFiEdaPo
— Українська правда ✌️ (@ukrpravda_news) August 15, 2022
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагeдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…
45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…