Загрозени животите на цивилите, украинската страна не дозволува да ја напуштат борбeната зона

Украинската страна не дозволува населението да ја напушти борбената зона преку хуманитарни коридори, изјави портпаролот на Народната милиција на ДНР, Едуард Басурин.
Басурин рече дека проектилот на тактичкиот ракетен комплекс „Точка-У“ , што беше истрелан од Вооружените сили на Украина врз Доњецк, беше уништен од силите за воздушна одбрана на Народна Република Доњецк .
Според него, во досегашните артилериски напади на украинската армија се ранети 11 лица, а четворица се убиени.
„Веќе не двајца мртви, туку четворица. Имаме единаесет ранети, меѓу кои и вработен во Министерството за вонредни состојби“, изјави Басурин за ТВ каналот „Русија 1“.
Тој напомена дека во градот Докучаевск, јужно од Доњецк, гранати ги погодиле зградите на основното и музичкото училиште.
Русија во четвртокот наутро започна специјална воена операција за демилитаризација и денационализација на Украина.
Во телевизиско обраќање до Русите, рускиот претседател Владимир Путин рече дека околностите бараат решителна и итна акција и дека народните републики во Донбас и се обратиле на Русија со барање за помош.
Според рускиот лидер, целата одговорност за крвопролевањето ќе биде на совеста на владејачкиот режим во Украина. Тој ја повика украинската армија да не ги почитува криминалните наредби на украинските власти, да го положат оружјето и да си одат дома.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија осуди фотограф на 16 години затвор…
Руски суд во четврток соопшти дека го…
Зеленски: Потребен е силен 18-ти пакет санкции…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави…
Унгарија блокираше отворање на преговорите за пристапување…
Унгарија ја блокираше одлуката на самитот на…
Рускиот министер за финансии: Во Русија нема…
Во Русија нема рецесија, во тек е…
Ердоган: Трамп е подготвен да се приклучи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…