Објавено на:

Задутре средба Гутереш – Зеленски – Ердоган

t

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш в четврток во Украина ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган, соопшти портпаролот на Светската организација Стефан Дужарик.

Тројната средба ќе се одржи во градот Лавов, западна Украина, на покана на Зеленски. Гутереш в петок ќе ја посети Одеса.

На враќање кон Њујорк, генералниот секретар на ОН ќе престојува во посета на Турција. Поконкретно, тој в сабота ќе го посети заедничкиот координативен центар во Истанбул за следење на извозот на житарици преку Црното Море.

Одеса е едно од пристаништата вклучени во договорот за извоз на украински житарици и други прехранбени производи преку Црното Море.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски до фестивалците на Гластонбери: Проширете ја…

Покрај сите светски имиња како Били Ајлиш,…

Зеленски: Ова е победа, чекавме 120 дена…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја нарече „победа“…

Ердоган: Грчките безбедносни сили прогонуваат, ограбуваат, тепаат,…

Грчките безбедносни сили прогонуваат, ограбуваат, тепаат, па…

(Видео) Зеленски: Утре започнува историска недела, ќе…

Мислам дека на сите им е очигледно…

(Видео) Се додека сте живи постои силен…

По враќањето од фронтот на југот на…