Заев го спореди влегувањето во НАТО со референдумот за независност: Од заробена држава станавме дел од најмоќните

t

Поранешниот премиер Зоран Заев денеска, преку својот фејсбук профил, порача дека годишнината од членството во НАТО е момент на кој сите се сеќаваме со гордост.

-Изминавме долг пат кој го занемаривме од дента кога горди го гледавме македонското знаме како се развиори пред седиштето на НАТО во Брисел. Ден кој е историја. Важно предание за нашите поколенија. Вредеше, мој народе! Остварувањето на вековниот сон на нашите револуционери. Обезбедувањето сигурност за сегашноста. Обезбедувањето иднина за младите. Вредеше! Да му се радуваме со гордост на овој ден!, напиша Заев.

Според него, излеговме од изолацијата за денес да носиме одлуки со најмоќните.

-Годишнината од членството во НАТО е повод кој го буди секое македонско срце. Момент на кој сите се сеќаваме со гордост. Денес, кога беснее разорна војна, гледаме колку е значајно тоа што ние сме НАТО. За секој граѓанин денес да биде спокоен, за домот ни е сигурен и безбеден – вредеше! Тргнавме со лузни од крвави удари по дома и раб на граѓанска војна. Се изборивме за реформи кои нѐ трансформираа од заробена држава во демократија. Излеговме од изолацијата од светот, за денес да носиме одлуки за нашата судбина рамо до рамо со најмоќните во светот, напиша Заев.

Го постигнавме, потсети, историскиот Преспански договор со кој се промени името на Република Македонија.

-Гледајќи како недалеку од нас се гранатираат недолжни цивили, се потсетуваме зошто е важно тоа што спорот со соседите го решивме преку дипломатија и мир. Светот нѐ награди мене и мојот драг пријател Ципрас со мировни награди, но вистинската награда е тоа што двата народи денес ни живеат во мир и слога. Референдумот од 2018 го подржаа над 600.000 граѓани. Со зборовите на мојот драг пријател Столтенберг: „Вратата на НАТО е отворена, но само граѓаните на вашата земја можат да одлучат да ја поминат”, дополнува Заев според кој, „навистина беше така – поддршката за референдумот од граѓаните беше поголема од која било друга политичка идеја низ историјата по референдумот за независност”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Столтенберг ги осуди ракетните тестирања на Северна…

НАТО упати критики кон Северна Кореја поради…

(Видео) Ковачевски за “Инфомакс”: Се согласувам со…

На прашање на Инфомакс дали премиерот Ковачевски…

Да им се спротивставиме на ѓаволите: Муслиманските…

Муфтиите од Кавказ ги повикаа муслиманите да…

И САД ја пуштија низ вода: Сега…

Процедурата за прием на Украина во НАТО…

Кисинџер: Неразумни се обидите на САД да…

Обидите на Вашингтон да ја вклучи Украина…