Заев за признавањето на Центарот за македонски јазик во Грција: Еве ги плодовите на Преспа

t

Поранешниот премиер Зоран Заев на Фејсбук го честиташе признавањето на Центарот за македонски јазик во Грција за кој вели дека е еден од плодовите на Преспанскиот договор за добрососедство.

– „Еве ги плодовите од Преспа, ни носат радост на сите што зборуваме македонски јазик, на сите Македонци“, реагираше поранешниот премиер Зоран Заев. Тој на социјалните мрежи им честиташе на основачите на Центарот за македонски јазик во Грција и на сите граѓани на Македонија и Грција кои се радуваат на овој убав чин кој е особено важен како уште една потврда за блиските релации меѓу двете земји.

–  „Им благодарам и на поранешниот и на сегашниот премиер, Ципрас и Мицотакис, за вербата и посветеноста во градењето искрено пријателство и добрососедство“, вели Заев.

Одлуката на Судот во Грција ја поздрави и Демократскиот сојуз на Павле Трајанов. „Ова е одлука од историско значење и е во функција за натамошен развој на добрите односи помеѓу Македонија и Грција“, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицотакис најави избори во Грција во мај

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денес, три недели по железничката…

Инвеститорот што ја пропадна улицата зад Универзална…

Инвеститорот „Бинјапи Инжинеринг“ ќе добие фактура за…

Историска судска победа на македонскиот јазик во…

Центарот за македонски јазик во Грција со…

Заев за признавањето на Центарот за македонски…

Поранешниот премиер Зоран Заев на Фејсбук го…