Заев не жали за Преспанскиот договор: Национализмот може да ја уништи мојата земја одвнатре

Национализмот може да ја уништи мојата земја одвнатре, но може да им наштети и на односите на Македонија со Грција и Бугарија бидејќи провокациите и националистичката реторика може да им обезбеди на премиерите на Грција и Бугарија, доволно причини да преземат мерки против нас за да го заштитат нивното достоинство и гордост, вели поранешниот премиер Зоран Заев во интервју за ANTEREC – Академска мрежа за поддршка на политиката на ЕУ кон Западен Балкан.
Тој потенцира дека национализмот не придонесува за градење пријателства, не поттикнува врски и не обезбедува за просперитетна иднина.
За потпишувањето на Преспанскиот договор, Заев вели дека „со Алексис Ципрас никогаш нема да жалиме за компромисите што ги направивме“.
-Граѓаните од двете страни знаат дека не само што „деценискиот спор“ најде конечна разрешница, туку и отвори пат за стратешко партнерство меѓу двете земји. Договорот дава цела рамка која овозможува идна соработка, вели Заев во интервјуто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бомба од Курти: Договор со Србија може…
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека договорот…
КОНЕЧНО: Се договорија Владата и СОНК
Синдикатот за образование, наука и култура и…
Падна договор власт-опозиција: Трудо останува на власт…
Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска изјави дека…
Ни се повторува преспанскиот договор: Добро-соседскиот не…
Јасна порака од Петков или ненамерна грешка…
Мицкоски: Ова не е циркус – Нема…
При денешната посета на општина Ѓорче Петров,…