Заеднички седници на парламентите на Албанија и Косово во Тирана!

По повод 110-годишнината од независноста на Албанија, денеска во Собранието на Албанија во Тирана ќе се одржи заедничка свечена седница на албанскиот и на косовскиот Парламент.
На почетокот на седницата пред пратениците ќе се обратат претседателката на Собранието на Албанија, Линдита Никола и претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца.
По нив ќе зборуваат премиерите на Албанија и Косово, Еди Рама и Албин Курти, како и шефовите на пратеничките групи.
Одбележувањето на 110-годишнината од независноста на Албанија ќе биде придружено со културни и други активности.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови тензии во Косово: Каменуван автомобил на…
Автомобил управуван од Србинот Саша Блажиќ вечерва…
Курти: Во Косово нема српски општини
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека на Косово…
Шокантна одлука на судот во Приштина: Отфрлено…
Основниот суд во Приштина го отфрли обвинителниот…
Србија “ќе си легне на брашното”? Лајчак…
Специјалниот пратеник на ЕУ, Мирослав Лајчак, рече…
Додик во одбрана на Вучиќ: Косово еден…
Претседателот на босанскиот ентитет Република Српска, Милорад Додик,…