Закана по живот за министерот за внатрешни работи: Пензиониран полицаец телефонски се заканил во „Беко“ дека Спасовски ќе биде убиен

t

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против пензиониран полициски службеник од Скопје за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-Осомничениот, од својот мобилен телефон, се јавил во полициска станица во Центар со закана дека ќе биде убиен министерот за внатрешни работи, по што веднаш ја прекинал врската. Откако бил идентификуван и лоциран, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени еден карабин марка Ц3 со калибар 8Х57, пиштол марка „Чешка Зброевка“ со калибар 7,65мм, пиштол марка „Смит енд Весон“ модел 38/2, повеќе куршуми од различни калибри, еден пар лисици и телескопска палка, информираат од Обвинителството.


Оттаму информираат дека со оглед на тоа дека се работи за поранешен полициски службеник, но и за лице кое претходно е осудувано за други кривични дела, јавниот обвинител сметаше дека постои основаност на сомненијата дека лицето упатило сериозна закана да нападне врз животот и телото на службено лице.

Поради опасност од бегство, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, доставен е предлог за определување мерка притвор за осомничениот.​​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен криминалец од Грчец баран со потерница

Денеска (24.06.2022) во 12.20 часот во Скопје,…

МВР продолжува да ги ровари кафичите: Во…

Вчера вечер, седум лица во скопски локали…

Спасовски: МВР е посветено кон натамошното развивање…

Министерството за внатрешни работи е посветено кон…

Починат маж пронајден во Кисела Вода

Починат маж вчера попладне бил пронајден во…

Засилени контроли на МВР: 217 санкции во…

Министерството за внатрешни работи во текот на…