Законот за амнестија нема да важи за осудените за “Монструм”!

Амнестијата нема да важи и за кривично дело од член 365 од Кривичниот законик ако помагањето е за кривични дела за кои не е дозволена амнестија. Ова ќе биде амандманот на владејачката СДСМ, со коj ќе бара модификација на законот за амнестија за да се спречи и осудени за „Монструм“ да бидат опфатени со амнестијата, пишува „Слободен печат“.
Ова ќе значи дека со амнестија нема да бидат опфатени помагачи по извршено кривично дело тероризам, убиство, силување, односно дела за кои не важи законот за амнестија.
Владините партнери СДСМ и Алијанса за Албанците се судрија за измените на Кривичниот законик (КЗ) и за законот за амнестија.
Премиерот информираше дека Предлог-законот за амнестија е веќе испратен во Собранието без европско знаменце и нагласи дека не е правен за личности, туку за дела од помал обем, со намера релаксирање на пренатрупаните капацитети во затворот Идризово.
Од Собранието, пак, информираа дека законот е пуштен во процедура по скратена постапка, што значи дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ може да го блокира со илјадници амандмани.
Ковачевски, исто како и Лога, тврди дека законот за амнестија бил на увид кај пратениците, вклучително и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и дека не е точно оти не го виделе законското решение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…