Законот сепак бил заобиколен? Наместо како меморијален центар, споменикот на УЧК во Слупчане го “протнале” како спомен обележје, избегната е собраниска процедура

t

Спомен кулата на загинатите борци на ОНА од конфликтот во 2001 година којашто вчера беше свечено пуштена над селото Слупчане, во договорот со фирмата којашто ја градела „Хоџа инженеринг“ е напишана како Спомен обележје-Спомен кула.

Со ова практично општината ја заобиколила процедурата и овој споменик го именувала како спомен обележје иако се работи за Меморијален споменик за воениот конфликт кој нема локално, туку исклучително државно значење, бидејќи воениот конфликт беше на целата територија на државава.


Но, со тоа што ова здание е именувано како спомен обележје, општината ја избегнала процедурата во Собрание и одлуката за негово подигнување ја донела на локално ниво, односно во Советот на општината.

Претседателката на Центарот за културно наследство, Донка Барџиева Трајковска за „Фокус“ објаснува дека не станува збор за спомен обележје, туку Меморијален центар со оглед на тоа што не се работи само за Спомен кулата, туку има и придружни елементи, местото беше оградено имаше поставено автомобил и други придружни објекти.

Таа е децидна дека за подигнување на ваков споменик е надлежно Собранието.

Собранието воопшто не го ставило во програмата за прославување на познати личности и настани, која што е петгодишна програма. Врз основа на таа програма што ја носи Собранието морало да донесе поединечна одлука за издигање, за подигнување меморијален споменик. И тука би спаѓал токму овој споменик кој што е именуван како Споменик на жртвите на ОНА. Врз основа на таа одлука би бил формиран одбор кој ќе ја следи процедурата од почеток до крај, објаснува таа.

Вакви споменици, според неа, треба да обединуваат, а овој споменик на којшто беа присутни министри, па и претседател на Собранието, беше искористен само за партиска промоција. Станува збор за важен настан од блиската историја и освен жртви на ОНА како и во секој воен конфликт има жртви и кај бранителите и кога се обмислува решение за подигање меморијален споменик мора да се размислува за двете страни и тоа решение мора во себе да го содржи и аспектот на помирување.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Митовски: Споменикот на УЧК е направен со…

Во гостување во емисијата "Што не е…

Никна уште еден УЧК споменик! Се слави…

И додека сè уште јавноста ја бранува…

Пендаровски: Споменикот на УЧК во Слупчане е…

Во политичка смисла, дур сме живи ние…

Во Куманово ќе се гради споменик посветен…

Иницијативата доаѓа од Синдикатот на полицијата на…

Алијанса за Албанците се навредија: ДУИ не…

Голем удар и навреда за славата на…