Заменик министерот за економија, Марјан Ристески земал 100.000 денари за каснување од куче

Заменик министерот за економија, Марјан Ристески земал 100.000 денари за каснување од куче, дознава Инфомакс.
Ристески инаку е поранешен градоначалник на Општина Прилеп, а моментално ја извршува функцијата заменик министер за економија.
Од документот кој го доби Инфомакс се гледа дека Ристески пријавил дека е каснат од куче, за што добил оштета од 100.000 денари.

Во голем број на Општини низ Македонија, меѓу кои и Прилеп, во последните две-три години драстично се зголемени сумите кои на годишно ниво се исплаќаат за каснување од кучиња.
Согласно податоците кои се добиени преку барање за пристап до информации од јавен карактер, Општина Прилеп во 2021 година се 590.056 денари, драстично зголемување има и во следните 2022 и 2023 година каде се исплатени по нешто повеќе од 2 милиони денари, меѓутоа апсолутен рекордер е минатата 2024 година со 7,2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ за оштети поради каснување од улично куче.

Во Македонија, законите за надомест на штета предвидуваат дека локалната самоуправа е одговорна за контролата на уличните кучиња. Ако сте каснати од улично куче, имате право да барате надомест на штета за:
- Медицински трошоци: Вклучувајќи ги сите трошоци за лекување, лекарства и евентуални хируршки интервенции.
- Претрпена болка и страв: Компензација за физичката болка и психолошката траума предизвикана од инцидентот.
- Нагрденост: доколку од каснувањето е останата последици како што е лузна.
- Намалена животна способност: Во зависност од повредата може да имате право на надомест по овој основ
Бидејќи во Законот не се предвидува рамка на сумата исплатена за надомест поради каснување од улично куче, се остава простор за злоупотреби.
Дека злоупотреби има, потврдува и Обвинителството кое апелираше општините да пријавуваат корупција при вакви случаи.
Надлежните институции треба да ги документираат сите сомнежи за лажно пријавување каснување од улично куче заради отштета и, секако да поднесат пријави до надлежните Обвинителства, зависно во која општина се сомнителните настани, велат од Државното обвинителството за откривањето евентуални организирани криминални спреги со исплатата на обесштетувањето. Станува збор за мрежи со кои се лажно се пријавува каснување од куче во полиција, лекари даваат лажни потврди за повредата, а адвокати ја тужат Оштинатата за отштета, за што од општинските буџети се излеваат стотици илјади евра годишно, а сумата расте од година в година.
„Во описот на овие сомнителни дејствија што ги наведувате, би можеле да бидат опфатени елементи на фалсификување службена исправа во форма на медицински потврди и други документи потребни да се обезбеди надоместот, како и одредени измамнички дејствија кои претставуваат кривични дела и за кои надлежните јавни обвинителства би можеле да постапуваат и да преземат кривичен прогон кон евентуалните сторители“, објаснуваат од Обвинителството.
Дали постои злоупотреба во Општина Прилеп, како и во сите останати општини во Македонија, треба да си провери Обвинителството, бидејќи енормни суми на пари се исплаќаат од општинските буџети поради каснување од улично куче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заменик министерот за економија, Марјан Ристески земал…
Заменик министерот за економија, Марјан Ристески земал…
Турција ќе отстранува кучиња од улиците откако…
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја…
Ужас во Турција: Улични кучиња растргнале 12-годишно…
12-годишно девојче од Турција по име Еслем…
Бездомни кучиња усмртиле домашни животни во Зајас
Кучиња скитници усмртиле 21 домашно животно во…
Апелација го ослободи Марјан „Доказ“ за обвинението…
Апелациониот суд го ослободил Марјан Стаменковски од…