Објавено на:

Западните лидери се согласија: Потребно е да се изврши поголем притисок врз Русија

t

Западните лидери се согласија за потребата да се изврши поголем притисок врз Русија и да се зголеми меѓународната изолација на Москва по нејзината инвазија на Украина, се вели во соопштението на италијанската влада, пишува Ројтерс.

Лидерите – вклучувајќи ги италијанскиот премиер Марио Драги, американскиот претседател Џо Бајден и британскиот премиер Борис Џонсон – споделија „длабока загриженост“ за продолжените непријателства во Украина и рекоа дека е потребен брз прекин на огнот.


„Постоеше широк консензус за потребата да се засили притисокот врз Кремљ, вклучително и со усвојување дополнителни санкции и да се зголеми меѓународната изолација на Москва“, се вели во соопштението на Рим по видео-повикот меѓу лидерите.

Се додава дека тие ја повториле посветеноста за диверзификација на снабдувањето со енергија со цел да се намали зависноста од Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кога Србија ќе влезе во ЕУ ќе…

Српската министерка за евроинтеграции, Јадранка Јоксимовиќ, изјави дека кога…

Повторно голем број санкционирани возачи за едно…

Министерството за внатрешни работи во текот на…

Официјално: Луганск е под целосна контрола на…

Министерот за одбрана Сергеј Шојгу му пријавил…

Русите гневни: Украина го ганатира Белгород, има…

Најмалку три лица загинаа, а десетици станбени…

Бориславова: Во Бугарија има политичари кои земаат…

Бугарските безбедносни служби имаат информации дека нашите…