Објавено на:

Западот е бесен: Соработката меѓу Русија и Турција никогаш не била посилна

t

Соработката меѓу претседателите на Русија и Турција ги налути западните земји, пишува Стивен Ерлангер за „Њујорк тајмс“.

Авторот смета дека желбата на турскиот лидер да не ги расипува односите со Русија е условена од подготвеноста на Москва за взаемно корисна соработка.

Новинарот потсетува дека Турција одби да ги поддржи западните санкции и ја истражува можноста за соработка со руските банки кои потпаднаа под ограничувањата, а исто така лесно прифаќа плаќања со руски кредитни картички. Покрај тоа, Анкара добива пристап до евтина енергија и профит од зделките со руските компании.

За Ердоган, особено важна е согласноста на Русија за неговите акции за сузбивање на курдскиот сепаратизам во Сирија, каде Москва ја поддржува владата на Башар ал Асад, додаде Ерлангер.

„Взаемните предизвици ги зближија двајцата претседатели од кога било. Тие се сретнаа двапати во последните три недели“, заклучи тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…

Инцидент каков што ретко се гледа се…

Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…

Заменик претседателот на Советот за безбедност на…

Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…

Војната меѓу Израел и Иран ќе има…

Ова ли е тоа тегнење за уши?…

Судот во Струга го прогласи за виновен…

Во Битола годинава 238 првачиња помалку од…

Новата учебна година во Битола ќе ја…