ЗАПОЧНА ГОЛЕМАТА ОФАНЗИВА?! – Падна градот Кремина – пеколен артилериски оган, започнува битката на битките

Контролата над градот Кремина е изгубена, тврди шефот на регионалната воена управа на Луганск, Сергеј Гајдај.
„Во моментов, контролата над градот Кремин е изгубена и продолжуваат тешките борби“, рече Гајдај во телграмата, а пренесува Си-Ен-Ен.
Исто така, според него, руските сили отвориле оган врз автомобилот во кој се наоѓале цивилите, додека жителите се обидувале да побегнат со свои возила.
„Четири лица загинаа. Едно лице кое е тешко повредено се уште е на местото на настанот“, рече Гајдај.
Тој додаде дека лекарите не можеле да дојдат до тоа лице поради постојаното гранатирање.
Гајдаи претходно објави дека руските сили влегле во Кремина, град во источниот регион Луганск кој беше бомбардиран со недели. „Русите влегоа во Кремин. Почнаа уличните борби“, објави Гајдај во кратката видео објава на Фејсбук.
Како што рече, Русите влегле во градот со „голема количина опрема“ и вели дека офанзивата започнала.
Исто така, Гајдај изјави дека сега е невозможна евакуација на населението од тоа подрачје.
„Ја планиравме евакуацијата, буквално по шумски патеки, за луѓето да не бидат под оган. Но, преку ноќ ситуацијата се промени“, рече Гајдај.
Тој рече и дека спортскиот објект Олимп во Кремина „гори“ и дека пожарот сега е проширен на 2.400 метри квадратни.
„Спасувачите работат напорно бидејќи во близина на центарот има шума“, рече тој.
Тој додаде дека во другите делови на регионот две лица загинаа, а четворица се повредени во Золот, додека седум лица се извлечени од урнатините на урната зграда во Рубижне.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Вие го запаливте пламенот спремете се за…
Вечерва во Штип се одржа марш. Младите…
Доктор Нико Беќаровски со совети за детоксикација…
Професор доктор Нико Беќаровски од Клиниката за…
Гитаристот на ДНК, Горан Тонев е тешко…
Во деновите кога граѓаните на Македонија ги…
Од „Кој е следен?“ бараат да се…
Граѓанското движење „Кој е следен?” во соопштение…
Уште шест млади кои биле во клубот…
Уште шест млади лица кои во саботата…