Започнува најголемата пролетна работна акција во Кисела Вода заедно со градот Скопје!

t

Започнува најголемата пролетна работна акција во Кисела Вода заедно со градот Скопје!

Заеднички, до крајот на неделата ќе се спроведуваат активности за темелно

чистење на булеварите и улиците,

рачно и машинско миење на улиците,

собирање на кабаст отпад,

санирање на оштетувања на коловозите, поставување и обновување на сообраќајната сигнализација,

садење нови садници и уредување на зеленилото,

санации на пријавени дефекти и проблеми од страна на граѓаните,

заловување на бездомни кучиња, каде по нивен хуман третман ќе биде овозможено да бидат вдомени,

целосно чистење на атмосферските и фекалните линии,

како и прочистување на дождовните сливници на булеварите и градските улици.

Во рамките на оваа голема акција, ЈП „Комунална Хигиена” постави специјални садови за кабаст отпад на неколку локации, каде што граѓаните ќе можат да го остават, по што тој бесплатно ќе биде подигнат и транспортиран на соодветна локација од страна на ова градско претпријатие

Локациите на кои од денеска до недела може да се остава кабастиот отпад се следните:

УЗ Населба Драчево
ул. “Бранко Заревски” бр.17, Парк на бранители;
УЗ Кисела Вода
ул. “Христо Татарчев” (главна улица – наспроти ЈГД 8-ми Март);
УЗ Цветан Димов
ул. “Георги Димитров” (заден влез на СГУ Васил Антевски-Дрен);
УЗ Црниче
ул. “Наум Охридски” бб (пред УЗ Црниче).

Од име на граѓаните на општина Кисела Вода, бидејќи вакво нешто се нема одамна случено, сакам да се заблагодарам на Градот Скопје, на градоначалничката Danela Arsovska, како и на директорите на јавните претпријатија.

Ние како општина исто така дополнително ќе се вклучиме со нашите актвности, сѐ со цел да ги подобриме условите за живот на нашите сограѓани. Сметам дека преку вакви заднички активности ќе допринесеме за рамномерен развој во целото Скопје.

Ова за нас, како граѓани од Кисела Вода е посебно важно затоа што ние, како oпштина долго време бевме маргинализирани.

Така што, ова што денес се случува е нешто убаво што треба да се поздрави и апелирам да продолжи и во наредниот период.

Во оваа голема пролетна работна акција која денес отпочна во Кисела Вода на терен координирано работат екипи на градските јавни претпријатија: Паркови и зеленило, Комунална хигиена, Водовод и канализација, Улици и патишта и Лајка, придружени од сезонските работници од Кисела Вода.

Пролетната акција во општина Кисела Вода ќе трае од 21-ви март и ќе трае се до 27-ми март, а потоа теренските екипи на Јавните претпријатија ќе продолжат со работа во наредната општина којашто е планирана, каде што ќе работат на точно утврдени локации по примерот на општина Кисела Вода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Целта на Северна Кореја е да стане…

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун повторно се…

Ковачевски: Мојата енергетска визија е да бидеме…

„Мојата енергетска визија е да бидеме европски…

Петти конгрес на ДОМ: Морачанин единствен кандидат…

Демократската обнова на Македонија денеска треба да…

Ќе се унапредуваат билатералните односи: Османи во…

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска…

Зеленски: Неуништлив народ на неуништлива земја, слава…

Неуништлив народ на неуништлива земја! Денес го…