Запре венецуелската нафта за Европа

Венецуела ги суспендираше новите испораки на сурова нафта во Европа според договорот нафта за долг.
Тие бараат гориво од италијанската „Ени“ и од шпанската „Репсол“ во замена за идните товарни пратки, пишува „Ројтерс“, цитирајќи три лица директно запознаени со ова прашање.
Венецуелската нафтена компанија ПДВСА повеќе не е заинтересирана за договор нафта за долг кој е одобрен од американскиот Стејт департмент во мај, кој и овозможи на државната компанија да продолжи со испораките за Европа по двегодишната суспензија предизвикана од американските санкции, велат извори за британската агенција.
Вашингтон ги одобри пратките се додека приходите се користат за отплата на акумулираниот долг на ПДВСА кон заедничкото вложување со Ени и Репсол.
„ПДВСА сака да се врати на размената на нафта, а тоа сè уште не е можно. Нема интерес за договор нафта за долг“, рече извор вклучен во претходните товарни пратки во Европа.
Испораките на венецуелска нафта, особено до рафинериите во Шпанија, и помогнаа на Европа да го намали купувањето на руска нафта по нападот врз Украина.
Условите на договорот, сепак, не ги обезбедија потребните готовина или гориво за венецуелскиот гигант, чии сопствени рафинерии се борат да произведуваат бензин и дизел по долгогодишно недоволно инвестирање и недостиг на резервни делови за поправки.
ПДВСА, Ени, Репсол и Стејт департментот не одговориле на барањата на Ројтерс за коментар.
Во августовскиот распоред за испорака, нема одредено време на товарење за танкерите на Ени или Репсол во Европа, иако разредените резерви на сурова нафта во пристаништето Хозе се зголемија на речиси 5,0 милиони барели до 8 август.
ПДВСА сака да добие гориво во замена за својата нафта, а тој дел од вредноста на тој товар да се искористи за да се надомести долговите од милијарди долари на партнерите во заедничкото вложување што ги вклучува Шеврон, Ени и Репсол, рекоа соговорниците на Ројтерс.
Промената на договорот би можела да и помогне на венецуелската компанија да го оживее својот екстра тежок нафтен бизнис во басенот Ориноко, на кој му требаат увезени разредувачи за да бидат квалитетни за извоз и да и овозможи на земјата да го намали својот дефицит на моторно гориво.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…
Република Српска не го прифаќа британскиот план…
Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…
Нетанјаху не ја исклучува опцијата за атентат…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за…
„Нано-игла“ илјада пати потенка од човечко влакно…
Истражувачите од Кралскиот колеџ (King's college) во…
Карлсон: Војната со Иран би значела крај…
Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…