Објавено на:

Заради Отворен Балкан Албанија ќе ги укине царинските такци за Косово, вели Рама

t

Албанскиот премиер Еди Рама попладнево изјави дека Албанија ќе ги укине сите царински такси за увозот од Косово, почнувајќи од земјоделските производи, јави дописникот на МИА од Приштина.

За време на неговата посета на фабрика за производство на брашно во Ораховац, Рама изјави пред медиумите дека Албанија не сака „еден Отворен Балкан без такси, а во него да не биде опфатено и Косово“.

– Ние направивме план за укинување на таксите и ќе ги укинеме целосно. Би сакале тоа да биде билатерално со Косово, но ние секако ќе го направиме. Тие побараа повеќе време за да анализираат, но ние ќе ги укинеме таксите за сé што доаѓа од Косово… Од друга страна, тоа треба да го направи и Косово, но доколку на косовската влада ѝ треба повеќе време за да простудира, ние тоа секако ќе го направиме. Затоа што ние не сакаме да имаме еден Отворен Балкан без такси, а во него да не биде опфатено и Косово. Тоа е бесмислено, изјави Рама.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петковиќ: Курти носи буре барут во Брисел,…

Приштина упорно прави потези кои можат да…

Го спасува: Албанија ќе му дава струја…

Во Косово нема рестрикции во снабдувањето со…

Поради недоволно производство Косово воведува рестрикции на…

Косовскиот мрежен оператор КЕДС започнува со рестрикции…

Србија е ноќна мора за сите соседни…

Косовскиот премиер, Албин Курти ја повика Србија да се…

Албанскиот претседател загрижен: Албанија старее, опаѓа наталитетот

Во Албанија во континуитет опаѓа стапката на…