Објавено на:

Заскитан куршум заврши во 40 годишен маж од Желино

t

Од заталкан куршум синоќа бил повреден 40-годишник во тетовско Желино. Како што информираа од тетовската полиција, поради повредата тој побарал и лекарска помош.

„На 25.7.2022 во 21.30 часот во Полициското одделение Групчин, Е.Р. (40) од с.Желино, тетовско, пријавил во дворот од куќата на неговиот брат во селото од залутано зрно од огнено оружје бил повреден на раката. Тој бил пренесен во Клиничка болница Тетово каде му била укажана лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Тетово и се работи на расчистување на случајот“, информираат од СВР Тетово.

На 18 јули годинава беше пријавено дека заталкан куршум завршил во соба од куќа во Челопек, но немало повредени лица, додека на 13 јули поради истата причина повредена беше 59 годишна жена во Тетово.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1.728 лица лани возеле без возачка во…

Одделот за аналитика при СВР Тетово евидентира…

МВР апсеше криминалец баран со потерница во…

Во тетовско Долно Палчиште, полициски службеници од…

Четири лица повредени во сообраќајна несреќа во…

Четири лица се повредени синоќа околу 20…

Затворете прозорци и не излегувајте ако не…

Тетово, Гостивар, Кичево, Битола, Охрид денеска се…

Тешка сообраќајна несреќа во тетовско: Неколку повредени…

Страотна сообраќајна несреќа: Повредени неколку лица меѓу…