Затворска љубов: Затвореник ѝ купувал онлајн подароци на сопругата од туѓа картичка – Кавадарчанец плаќал за сето тоа

t

Триесет-годишен маж од Струга, кој се наоѓа на издржување на затворска казна во Казнено-поправната установа Штип, со податоци од туѓа трансакциска сметка и пин код купувал од онлајн продавници подароци за својата сопруга. Исто така, тој подигнал и повеќе кредити во име на сопственикот на сметката.

Против него е подигнато обвинение од страна на ОВР Кавадарци, како и против неговата 38-годишна сопруга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела – измама, злоупотреба на лични податоци и оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи.


Според СВР Велес, стружанецот кој е во затвор, преку социјалната мрежа Фејсбук успеал да доведе во заблуда кавадарчанец на возраст од 37 години, и се здобил со неговите лични податоци, трансакциска сметка и пин код.

Тоа се случувало во периодот од јули до септември минатата година.
Освен подигнатите кредити во повеќе финансиски друштва во име на кавадарчанецот, тој си пазарел и во повеќе онлајн продавници, а порачките ги добивала неговата сопруга.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Дивиот запад ништо ново – Во…

Денеска (26.05.2022), полициски службеници од Единицата за…

Струшките дуќанџии бараат да им се дозволи…

Струшките дуќанџии бараат да работат во недела.…

За 73 сантиметри денеска е зголемен водостојот…

За 73 сантиметри денеска е зголемен водостојот…

Скопјанка продавала дрога во Кавадарци

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против А.Т.(25)…

(Видео) Протест на лозарите и овоштарите во…

Лозароовоштарите од Кавадарци денеска излегоа на протест…