Објавено на:

Захарова вели: Преговори со Украина во моментов се бесмислени!

t

Москва е благодарна на Турција за нејзиниот предлог да биде домаќин на руско-украински преговори со посредство на Обединетите нации, но разговорите за иницијативата сега се бесмислени, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

-Волјата за посредување во мировни преговори е секогаш добредојдена, но мислам дека во моментов е бесмислено, дури и теоретски, да се разговара за одговорот на оваа иницијатива, рече Захарова, коментирајќи го предлогот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да ги покани Москва и Киев да разговори во Истанбул.

Во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот, Ердоган рече дека може да организира средба меѓу Русија, Украина и ОН во Истанбул и оти е подготвен да „игра улога во потенцијалниот механизам за следење доколку се постигне некаков начелен договор меѓу двете страни“.

Руски и украински претставници последен пат се сретнаа на разговори во Истанбул на 29 март годинава. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Македонија нема ништо против рускиот народ,…

На прашање на Инфомакс како ја коментира…

Лавров во април ќе го посети Њујорк?

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров би…

Русија го нападнала Киев со дронови?!

Украинските власти соопштија дека противвоздушната одбрана соборила…

Советот за безбедност на ОН не ја…

Советот за безбедност на ОН не ја…

Јотова стана миротворец: Се залага за преговори…

Бугарскaта потпретседателка Илијана Јотова се залага за…