Захарова: За смената на Петков одговорни се и Бетмен и жена-мачка

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска иронично ги прокоментира обвинувањата на бугарскиот премиер во оставка, Кирил Петков, дека за неговото заминување од функцијата виновна е и руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова, изјавувајќи дека на списокот на „виновници“ недостасуваат уште некои други фиктивни филмски ликови.
-Само Бетмен и жената-мачка сè уште се исчезнати. Мислам, човекот се измори, почна да блада, иронично кажа Захарова, пренесена од руските медиуми.
Откако бугарскиот Парламент синоќа и изгласа недоверба на Владата на Петков, тој за исходот од гласањето обвини тројца политичари и амбасадорката Митрофанова.
Петков ги прозва бизнисменот и поранешен пратеник Дељан Пеевски, лидерот на партијата ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов и Слави Трифонов, чија партија „Има таков народ“ претходно ја напушти владејачката коалиција.
Партијата ГЕРБ го иницираше гласањето недоверба на владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Захарова: Целата ЕУ може да се соочи…
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,…
Лидер на руска партија предложи Калининград да…
Лидерот на руската политичка партија Праведна Русија…
(Видео) Не е ова Македонија: Специјалци од…
Федералната служба за безбедност на Руската Федерација…
Путин: Сите заслужни во операциите во Украина…
Рускиот претседател Владимир Путин, на средба со…
Русија се залага за проширување на Советот…
Рускиот амбасадор во Кина, Андреј Денисов, смета…