Објавено на:

Захарова откри зошто ескалирал конфликтот меѓу Русија и Западот

t

Сегашните недоразбирања меѓу Русија и САД и Европа настанаа како резултат на тоа што долго време едноставно беа игнорирани безбедносните интереси на нашата земја.

Западњаците, чекор по чекор, ги уништија механизмите за контрола на оружјето создадени од цели генерации преговарачи. Ова е жив пример зошто меѓународната тензија се искачи на неприфатливи нивоа – изјави Захарова во интервју за РТ.

Таа додаде дека во интерес на сите е враќањето на дијалогот во рамките на неделивата европска безбедност и развојот на правилата за мирен соживот засновани на принципот на почитување на легитимните интереси на сите клучни држави.

Според неа, системот на меѓународни односи минува низ период на длабока трансформација.

– Униполарниот свет е минато многу пред настаните во Украина. Новите центри на моќ во Азија, Африка, Латинска Америка и Блискиот Исток играат сè поважна улога во обликувањето на глобалната агенда, подготвени да ги бранат своите интереси и бараат почитување на сопствениот пат на развој – објасни претставникот на Руската Федерација.

Ваквиот развој на ситуацијата не им одговара на САД и на другите западни земји, смета Захарова.

– Тие не се подготвени да се откажат од својата привилегирана позиција на светската сцена и се обидуваат да го запрат или забават процесот на демократизација на меѓународните односи – објасни таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТАЖНА ВЕСТ: Малата Ана не успеа да…

Девет годишната Ана Аргировска од Куманово, за…

Невреме го зафати и Прилеп

Попладнево околу 18 часот регионот на Прилеп…

Ни треба целото оружје што го имате…

На Украина ѝ недостига оружје за контраофанзива,…

(Видео) Голем број демонстранти на протестот “Србија…

Со бројни транспаренти десетици илјади граѓани на…

Лукашенко: Згрешивме што не ја нападнавме Украина…

Единствената грешка на Русија и Белорусија беше…