Објавено на:

Захарова се закани: Ако Украина добие ракети со долг дострел, САД ќе бидат директен учесник во конфликтот

t

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ако САД се одлучи да и испорача на Украина ракети со долг дострел ќе ја премине „црвената линија” и ќе стане соучесник во судирот.

– Доколку Вашингтон одлучи да го опреми Киев со ракети со долг дострел, тогаш ќе ја премине црвената линија и ќе стане директен учесник во конфликтот, истакна портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

Таа додаде дека Русија го задржува правото на одбрана на својата територија”.

Вашингтон ја снабди Украина со напредни ракети кои можат да погодат цел и оддалечени до 80 километри и досега се воздржуваше од јавно објавување дека ќе испрати ракети со двојно поголем дострел. Според американските власти Киев ветил дека нема да користи американски ракети за напад врз руска територија.

По руската инвазија Украина побара и доби големи количини оружје од САД и другите западни сојузници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…

Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…

Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…

Израел очекува одлука на САД за приклучување…

Израел сè уште очекува дека американскиот претседател…