Захарова со порака до Македонија:Скопје непромислено го жртвува суверенитетот

t

Откако Македонија протера петмина руски дипломати од земјава, со реакција се огласи и портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

„Овој акцентирано непријателски чекор е продолжување на курсот кон вртоглаво рушење на билатералните односи со Русија што пред неколку недели го зазедоа властите на Северна Македонија. Со приклучувањето кон русофобичната хистерија што ја почна Западот, Скопје уште еднаш ја потврди подготвеноста непромислено да го жртвува суверенитетот и да носи одлуки кои се во спротивност со расположението во јавноста и им противречат на коренитите национални интереси. Ќе бидеме принудени да преземеме реципрочни мерки“, реча Захарова.

Претходно, рускиот министер Сергеј Лавров изјави дека Русија подготвува декрет за реципрочни визни мерки со кои ќе се ограничи влезот на граѓаните на „непријателските земји“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Холандија ќе усмрти над 100.000 кокошки поради…

Холандија ќе усмрти околу 102.000 кокошки на…

На Зеленски му е драго што Бајден…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска разговара со…

Ќе се тресе цела Европа! Кина предупредува…

Кина предупреди дека САД би можеле да…

ХОРОР во Србија: Татко си ја убил…

Убиството во Вршац, каде што таткото Марко…

(Фото) Експресно саниран споменикот на Гоце Делчев…

Екипите на ЈП "Комунална хигиена" вечерва експресно…