Објавено на:

Захарова ѝ одговори на Бербок: Вие грижете си се за американските бази во Германија

t

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова одговори на сугестијата на германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок дека руските бази во Сирија треба да се отстранат, велејќи дека Берлин треба да биде повеќе загрижен за американските бази распространети низ Германија.


Имено, Бербок, која денеска пристигна во ненајавена посета на Дамаск, изјави дека Русија треба да се откаже од своите воени бази во Сирија за да „покаже почитување на суверенитетот на таа блискоисточна земја“.


„И тоа ни го кажува министерот за надворешни работи на земјата каде што се наоѓаат американските воени бази. Имам прашање – не е ли време да се испратат такви изјави до Вашингтон“, напиша Захарова на Телеграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон ја повика Русија да го прифати…

Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика Русија…

Руте повика на нормализација на односите со…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска…

Германија праќа 300 војници на Косово во…

Германската мисија во НАТО ја коментираше посетата…

Путин во воена униформа ја посети областа…

Рускиот претседател Владимир Путин го посети командниот…

Украина ги демантира тврдењата дека Русија го…

Борбите во рускиот регион Курск сè уште…