За два дена бензините поскапеа за 9, дизелот за 18,5 денари

t

Цената на горивата за два дена двапати се зголеми. Во понеделникот согласно новата одлука на РКЕ, бензините поскапеа за 5,5 денари, а дизелот за десет денари. Со новата одлука на Регулаторна донесена вчеравечер, горивата од полноќ повторно се продаваат по повисока цена, цените на бензините се зголемија за 3,5 денари, а дизел горивото поскапе за 8,5 денари.

За два дена, цената на бензините поскапе за 9 денари, а дизелот се продава по повисока цена од 18,5 денари.


Ова се актуелните цени на горивата во Македонија:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95- 93,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98- 95,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)- 94,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 90,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 59,165 (денари/килограм)

Од РКЕ велат дека ваквото зголемување се должи на зголемувањето на цените на светските берзи кај нафтените деривати, но и зголемување на курсот на доларот во однос на денарот.

Како дел од пакетот мерки кој го донесе вчера Владата, се намалува и стапката на ДДВ на 10 проценти за дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас (ТНГ) и метан, како и акцизата врз основа на берзанските цени.

За да се применат дел од мерките ќе се менуваат законите за акцизата и за ДДВ, а како што порача премиерот Димитар Ковачевски, сите пратеници имаат одговорност и обврска пред граѓаните за да бидат изгласани. Измените на законите, според најавите од премиерот, уште денеска ќе се најдат пред пратениците.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Владата предложила комплициран модел кој не гарантира намалување на цените на горивата.

-Наместо да го прифати предлогот за намалување на акцизата кај нафтените деривати, како што предлага ВМРО-ДПМНЕ, со што цената на бензинот од утре би се намалила за 13 денари, а на дизелот за девет денари, премиерот Ковачевски денеска предложи комплициран модел за намалување на акцизата кој не само што не го разбра јавноста, туку и не гарантира дека ќе придонесе за намалување на малопродажната цена на горивата, рече на прес-конференција Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Ако мерката за намалување на акцизата е премалку, дополни, намалувањето на ДДВ сигурно доаѓа предоцна. Некои мерки кои одамна се во сила, беа промовирани како нови, како што е на пример додатокот за енергетска сиромаштија кај примателите на социјална помош и слично, посочи Славевски, коментирајќи ги владините мерки.

Претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги, Марко Бислимовски истакна дека сите мора да покажат солидарност.

-На овој начин, во крајната цена влијаеме делумно да се амортизира огромниот пораст. Дополнително олеснување врз притисокот на крајната цена ќе бидат и најавените измени во делот на ДДВ и акциза, кои апелираме побрзо да се донесат, изјави Бислимоски.

Поради рекордниот раст на сите нафтени деривати на светските берзи од РКЕ завчера најавија дека ќе носат одлуки на дневно ниво доколку има потреба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Aлбанија може во ЕУ, а не и…

Доколку Бугарија не даде зелено светло за…

Протекоа плановите на Кина за Пацификот: Соломонските…

Кина планира да понуди значајни економски и…

Фон дер Лајен: Русија ја користи храната…

Европската унија не смее да стане зависна…

Светска банка: Војната во Украина може да…

Шефот на Светската банка, предупреди дека руската…

Путин почна да дели пасоши во окупираните…

Во блиска иднина во Керсон треба да…