За два дена на Косово се регистрирани 144 сообраќајни незгоди

Во првите 48 часа од 2025 година во Косово се регистрирани 144 сообраќајни несреќи, од кои во 57 повредени лица, соопшти косовската полиција, пренесува Индекс онлајн.
Според податоците на косовската полиција, на 1 јануари имало 46 сообраќајни незгоди, од кои 26 со последица повреди на лица, а 40 со материјална штета, додека на 2 јануари 98 незгоди, од кои 31 незгода со последица повредени, а 67 незгоди се со последица материјална штета.
Еден од факторите што придонесува за овие несреќи е густата магла, вели професорот Нољ Дедај.
Косовската полиција упати и апел до возачите да бидат внимателни при магливо време, да користат светла за магла, да ја намалат брзината и да ја следат десната страна на патот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија праќа 300 војници на Косово во…
Германската мисија во НАТО ја коментираше посетата…
Косово ќе склучи договор за одбрана со…
Владата на Косово, иако во технички мандат…
Населението на Косово забрзано старее
Според податоците на Агенцијата за статистика на…
Во последните три години од Косово заминале…
Претседателот на Независниот синдикат на приватниот сектор…
Приштина: Повлекување на американската војска не доаѓа…
Министерството за одбрана на Косово денеска ги…