За палеолитот/неолитот на свеста на некои политичари и историчари

За палеолитот/неолитот на свеста на некои политичари и историчари
Морам да ви кажам дека ме изнервираа овие бугарско-македонски историски полтрони и затупести глуперди од политици. Ме изнервираа со својата запишана и вербална логореја, па оваа колумна ја пишувам многу налутен, резигниран со голема доза на горчина. Еве и зошто.
Политиката е угледна, едноставно-управувачка дејност, вокација, професија, само таму каде се развила традиционална демократска свест и граѓанска култура. Тоа чинам не е случај со Македонија, а за Бугарија сум сигурен. Во Бугарија 102, 5% нема свест и култура, а кај нас состојбата е нешто подобра – дефицитот на свест е 99%.
Жално ама и историјата и историчарите, тргнале по извитоперената и забегана политика, која ги оддалечува од вистинската наука и историските принципи, факти и аргументи. Ова важи безмалку за сите во Бугарија, а во Македонија, само за оние од “политизираната историско-образовна комисија“. Тие како да сакаат да го преземат приматот на политиката и да пресуредуваат историски настани и личности, цели историски епохи, па дури и милениуми по теркот – диктатот е на бугарските политици, а извршувањето е на безкичмењаците и face of историчари, кои се одзиваат на придавката членови на комисијата за… Сиромашките, самите си се доживуваат како прославениот македонски филозоф Панта Реи (пратеник, па министер), кои не/свесно докажуваат дека се тече, се се менува во полза на Бугарија. Знаат ли тие, свесни ли се каде одат? Ако не се свесни, и ако не знаат, да им кажам – во септичката јама на бугарската политика, и на бугарската историографија.
Ако не гледаат, не слушаат и не разбираат, тогаш дијагнозата им е чиста ментална катаракта.
Зошто сум толку остар во оценките? Од едноставна причина: протоколот што заедничката комисија, двете министерства и двете влади го криеја, безмалку 3 години, покажа дека сите актери во него патат од историска патологија, која првин премина во психопатологиа, и на крајот се изрази како лингво-патологија. Се на се политичко-историско насилство на свеста, на духот, на интелигенцијата, на умот – на сивата материја која не разликува од животните. Тоа е бугарска политичка свест од времето на палеолит (старо камено доба) и бугарска историска свест од неолит (ново камено време).
Па луѓе бре не гледате ли дека бугарските политици, историчари и новинари секојдневно ни држат лекции што да правиме, како да правиме, и по правило тоа е во нивен интерес. Те сме практикувале говор на омраза, море сме ги загрозувале граѓанските права на Блгарите во Македонија, и види богати македонското обвинителство “ќе на*бело во Стразбур“ ако води постапки против бугарски-фашистички клубови регистрирани во Македонија. Ова бре луѓе е политичко туторство и историско старателство. Лоша состојба на духот, вољата, карактерот, менталитетот. Го дозволивме ли ова, од држава, преку “мек протекторат“ отидовме во “тврд протекторат“. Море и тоа е малку, се плашам нашите духовни состојби да не се вратат во состојба пред каменото време.
И за крај, ин медија рес за сценаристите, актерите, протагонистите и режисерите на оваа национална и државна бламажа. Ем ни ја продале историјата (Самуил, Светите браќа Кирил и Методиј и светите Климент и Наум), за што се фатени инфлагранти (на лице место, малку одложно, со објавување на протоколот, значи криеле три години), ем не убедуваат дека тоа не се случило. Врвно лицемерие. Порокот му се додворува на достоинството. А тоа е лицемерие маскирано во глупост. А да не заборавиме дека лицемерите по правило се идиоти од мајсторски, а не ретко и велемајсторски ранг, сватено во негативна конотација. Тоа тие е! Денес на цена се вистинските, оригиналните, автентичните глупаци. Ама и алипните будалаци, необликуваните и недоделканите, имбецилните и моралните кретени. Тука доаѓаме до мојот омилен израз за вакви шуши – хомокретенизам. Сакаш, политички, или пак милуваш историски. Толку.
Сотир Костов
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотресот во Мјанмар ослободи енергија еднаква на…
Земјотресот со интензитет од 7,7 степени според…
Еден работник загина, четворица тешко повредени во…
Еден работник загина, а четворица се тешко…
(Видео) Експлодираше лимузината на Путин!
Лимузината „Аурус“ од официјалната флота на рускиот…
Град во Србија го прогласи Вучиќ за…
Со едногласна одлука на Граѓанското собрание Пирот,…
Левица: Продолжува бруталната партизација и поставување кадри…
„Очигледно владата предводена од Мицкоски користи само…