За Пендаровски нема ништо спорно во изјавата на Рама дека Албанија ќе се одвои од Македонија за патот кон ЕУ
Не гледам ништо спорно во изјавата на Еди Рама за одвојување на Албанија од Македонија на патот кон ЕУ. Логично е ако ние и понатаму продолжиме да бидеме блокирани од страна на Бугарија дека другите земји кандидати нема да сакаат својот пат кон ЕУ да го врзуваат со кој било друг, вклучително и со нас. Ако сака ЕУ да биде геостратешки проект, целиот регион треба да го најде своето место час поскоро во Унијата, изјави претседателот Стево Пендаровски на зедничката прес-конференција во Цетиње со неговиот домаќин црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.
–Од аспект на албанските национални интереси таа изјава на Рама е логична. Ние сме третирани во пакет од страна на Брисел заедно со Албанија во изминативе скоро 2,5 години и не навлегувајќи во резоните на бриселската бирократска и политичка заедница зошто е тоа така, бидејќи во суштина процесот на европски интеграции е мерит бејсд процес – кој заслужува индивидуално оди понатаму кој не останува во чекална, значи не навлегувајќи во тој сет на мотиви зошто тоа го направија пред неколку години логично е ако ние и понатаму продолжиме да бидеме блокирани од страна на Бугарија дека другите земји кандидати нема да сакаат својата судбина, својот пат кон европските интеграции да ги врзуваат со кој било друг, вклучително и со нас, вели Пендаровски на новинарско прашање за изјавата на албанскиот премиер Еди Рама.
Тој со апел до ЕУ дека ако сака ЕУ да биде геостратешки проект, целиот регион треба да го најде своето место час поскоро во ЕУ.
-Не гледам ништо спорно во изјавата на Рама, само би сакал во оваа ситуација да апелирам до оние кои одлучуваат во Брисел и во главните европски градови дека на страна тоа што нема да има никакви безбедносни импликации од тоа евентуално одвојување после јуни, сепак треба да помислат и во светло на најновите случувања во Украина дека ЕУ започна и ЕУ и ден денеска треба да биде третирана помеѓу другите аспекти и како геополитички проект, геостратешки проект. Во таа смисла, целиот регион треба да го најде своето место час поскоро во ЕУ, рече претседателот Пендаросвки на новинарско прашање.
Според него, недозволено е и од аспект на Брисел и од аспект на творците на ЕУ како концепт, како организација, Црна Гора да преговара 10 години, од 2012 година и да не е ниту на половина во тој процес.
-Не велам дека сета вина е во Брисел, сигурно има прилично бројни пречки и во главните градови, во нашите земји, реформи коишто не сме ги направиле итн., меѓутоа и од аспект на европските стратези и они треба да се запрашаат зошто две држави кои преговараат скоро деценија т.е. Србија и Црна Гора не напредуваат, зошто Албанија и Македонија не можат да почнат со преговори со години и зошто две други држави од Западниот Балкан – Косово и Босна и Херцеговина се апсолутно заборавени од бриселските станици?, праша Пендаровски.
Според Ѓукановиќ, во односте меѓу Скопје и Софија изминатиот период и со новата бугарската влада се случуваат позитивни импулси, поради што изрази очекување дека во наредниот период може да дојде до деблокада на тој процес и можност веќе во првото полугодие на француското претседавање да се создаде претпостава за активен почеток на преговорите со ЕУ.
– Хибридна војна која Русија ја води против европскиот систем на вредности доби драстична форма во Украина, но која и да е формата мораме да ја препознаеме и суштината. Значи, постојат држави кои настапуваат со антиевропска платформа кои сакаат да го загрозат европското единство, европскиот систем на вредности и во случајот на нашиот регион европската перспектива на нашите држави. Тоа мора да биде инспирација за ЕУ во целина посебно за оние земји на ЕУ кои ни се нас географски блиски. Значи, јас денеска би очекувал земјите како Хрватска, Словенија, Италија, Грција, Бугарија и Романија да бидат главни промотери за догледна европска перспектива на Западен Балкан, а не некоја од нив да се појави во улога на кочничар да се достигнат европските перспективи на земјите од Западен Балкан. Се надевам дека ЕУ поучена со овие случувања во Украина со поголем сензибилитет во наредниот период ќе гледа на геополитичката важност за интеграција на државите од Западен Балкан и дека таа своја шанса ќе ја препознаат и искористат и Македонија и Црна Гора, вели Ѓуксановиќ
Во однос на вклучувањето на црногорското малцинство во Македонија, и резултатите од пописот, Пендаровски кажа дека македонското општество и македонската држава, е базирана уставно правно во политичка смисла на линија со најдобрите европски политики и практики.
-Ние можеме да бидеме пример за целиот континент за тоа како е возможна инклузија на помалку бројните етнички заедници во нашето општество и општо во политичкиот систем. Во таа смисла за нас е апсолутно ирелевантно дали има Црногорци 1.200, дали има Хрвати 2.000 и дали има Бугари 3.500 бројките не се битни. Битни се вредностите и принципите во кои веруваме. Еден да е ако изразат желба да бидат застапени со поинаков статус во македонскиот Устав тоа ќе биде направено веднаш, рече претседателот Пендаровски.
Ѓукановиќ во однос на црногорската заедница во македонскиот Устав рече дека иницијативата за измена на Преамбулата на Уставот ја гледа како можност да се вметне и црногорското малцинство кога ќе се создадат претпоставки за тоа.
Запрашани во однос на процесот на вооружување на војската во Србија, Пендаровски рече дека Србија не е членка на НАТО, има автономна национална волја како сака, но таа не е закана. Ние, наведе шефот на државата, сме членка на Алијансата еве веќе две години – полноправна членка две години на таа организација и ако се исклучи Руската Федерација, зборувам за земји кои не се членки на Алијансата ние немаме ниту во нашите програматски документи ни во нашата конкретна политика дефиниција или проценка дека Србија е за нас безбедносна закана.
-Руската Федерација покажува и кон регионот на Западниот Балкан и кон Македонија одредени тенденции во таа насока. Само да потсетам пред неколку дена ние протеравме пет руски дипломати кои беа очигледно излезени надвор од својот мандат и се бавеа со разузнавање не со дипломатија, значи, во таа смисла само во однос на Руската Федерација имаме таков став и како Алијанса и засебно како држава, меѓутоа немаме проценка дека Србија претставува каква било безбедносна закана за нас, вели Пендаровски.
За претседателот Ѓукановиќ вооружувањето на Србија која не е членка на НАТО, е нешто што треба да се регистрира, потврда на политиката која Белград ја води последниве години и верува дека тоа ќе помогне дополнително да се разбистри сликата за Западен Балкан на важни политички адреси во рамки на европската и евроатлантската заедница.
-Не треба да предвидиме дека за жал целокупната култура па и безбедносната на Балканот не е на она ниво на кое е во делови на развиена Европа, Затоа генерално тоа не загрижува, а во овој случај станува збор за продолжена тенденција на вооружување, вели Ѓукановиќ.
Претседателот Пендаровски во рамки на огицијалната посета на Црна Гора денеска ќе се сретне и со црногорскиот премиер во заминување Здравко Кривокапиќ и со Дритан Абазовиќ, заменик премиер и мандатар за состав на нова Влада на Црна Гора.
Во Бар утре ќе се одржи свечена церемонија на која претседателот Пендаровски ќе му ја предаде спомен-плочата на Владимир и Косара на црногорскиот претседател Ѓукановиќ, во знак на силното пријателство и културно-историската врска меѓу Македонија и Црна Гора.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Драматични слики од Грција: Пожарот зафати околу…
Пожарникарите во Грција повеќе од 24 часа…
ЕУЛЕКС: Ја следиме безбедносната ситуација во Косово
Мисијата ЕУЛЕКС, во согласност со својот мандат,…
Зеленски: Киев ги зазеде областите од каде…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Москва…
Исчезна девојка од Скопје, имала здравствени проблеми
На 11.08.2024 во 14:00 часот во Полициската…
Инцидент во Центар: Прво се карале меѓусебе,…
Вчера во 11.30 часот во Скопје, на…