За погребот на кралицата Турција ќе испорача 1,5 милиони цветови од ова цвеќе – побарувачката пораснала уште денот кога почина Елизабета

t

За погребот на кралицата Елизабета Втора, од Турција во Велика Британија ќе бидат доставени 1,5 милиони цветови од каранфил.

Веднаш по објавувањето на смртта на британската кралица Елизабета Втора, одгледувачите на каранфили во јужниот регион на Турција се обидоа да одговорат на барањата за погребот, пренесува ЕПА.

Според регионалните одгледувачи, побарувачката за каранфили, особено во Англија, е зголемена за речиси 90 проценти.

Смртта на британската кралица ја зголеми потребата од работници меѓу одгледувачите на цвеќе во овој регион на Турција, за да се испратат повеќе од 1,5 милиони цвеќиња за погребот на кралицата.

За побрз транспорт, производителите на цвеќиња испораката ја префрлија од копнен на многу побрзиот воздушен транспорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МОН одобриле нови учебници за средно образование,…

Во 2022 година Педагошката служба одобри стотина…

Паника во Бугарија: Десетици дојави за бомби…

Десетици училишта во Софија, Варна и Бургас…

Лога најавува дека уставните измени можеби нема…

Преамбулата на Уставот со внесување на помалите…

Шокнатна изјава на разрешениот министер за одбрана:…

Разрешениот министер за одбрана на Израел, Јоав…

Франција ги забрани сите социјални мрежи на…

Француската влада соопшти дека на сите државни…