За првпат по 2018 година доларот падна под 58 рубљи

t

Курсот на американскиот долар на Мосвковската берза во претпладневното тргување во петокот се спушти на минималното ниво во последните четири години, а динамиката на тргувањето укажува и на јакнење на руската валута во однос на еврото.

Така, американскиот долар со порамнувањето за следниот ден во 11 часот по московско време, или 10 часот по македонско, паднал на 57,85 рубљи, првпат по април 2018 година, а со европската валута се тргувало на нивото од 59,97 рубљи, што е близу нивото од април од 2017 година.

Според аналитичарите на берзите, нивото на руската валута е под влијанието на фактот што компаниите се подготвуваа за извршување на даночните обврски на од 25-ти до 27-ми мај, што може да создаде вишок во понудата на доларите. Невообичаено силниот платежен биланс на Русија, исто така, има удел во движењето на валутата, додаваат.

Покрај тоа, показателите се под влијанието на различни органичувања на движењето на капиталот, воведени до руската централна банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Благ пад на вредноста на доларот и…

Доларот падна втор ден по ред, a…

Курсна листа на НБРМ: Видете колку чинат…

Според средната курсна листа на Народната банка,…

Русите задоволни: Еврото падна под 57 рубљи

Рубљата продолжува да зајакнува во однос на…

Курсна листа на НБРМ: Еврото и доларот…

Според средната курсна листа на НБРМ, еврото денеска…

Курсна листа на НБРМ: Доларот и еврото…

Според средната курсна листа на НБРСМ, еврото денеска…