За Хрватска и Литванија важно е да се продолжи со силната поддршка за Украина

Литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис и шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман денеска во Вилнус истакнаа дека е важно да се продолжи со силната поддршка за Украина, јавија дел од хрватските медиуми.
Двајцата ги осудија „незаконските референдуми во окупираните подрачја на Украина и одлуката на Русија незаконски да ги припои“, наведуваат медиумите.
Според нив, важно е да се одржат единството и солидарноста при решавањето на енергетските прашања и зголемувањето на целосната стратешка отпорност на Европската унија.
Пред својот колега, Грлиќ Радман ги изнесе хрватските ставови за неодамнешните избори во Босна и Херцеговина.
Се зборуваше и за ситуацијата на Западен Балкан, а Грлиќ Радман изјави дека е важно западно балканските земји да покажат резултати во развојот на добрососедските односи и усогласувањето на нивните политики со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската унија. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска се празнува Свети Климент, архиепископ Охридски!
Ученик на Светите Методиј и Кирил. По…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…
Тинејџерка избодела соученик во училиште во Перт
15-годишно девојче е обвинето дека избодело 16-годишно…
Орбан посеа паника во Европа?
Една недела пред состанокот на Европскиот совет…
Саудиски принц загина во авионска несреќа
Принцот Талал бин Абдулазиз загинал за време…