За Хрватска и Литванија важно е да се продолжи со силната поддршка за Украина

Литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис и шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман денеска во Вилнус истакнаа дека е важно да се продолжи со силната поддршка за Украина, јавија дел од хрватските медиуми.
Двајцата ги осудија „незаконските референдуми во окупираните подрачја на Украина и одлуката на Русија незаконски да ги припои“, наведуваат медиумите.
Според нив, важно е да се одржат единството и солидарноста при решавањето на енергетските прашања и зголемувањето на целосната стратешка отпорност на Европската унија.
Пред својот колега, Грлиќ Радман ги изнесе хрватските ставови за неодамнешните избори во Босна и Херцеговина.
Се зборуваше и за ситуацијата на Западен Балкан, а Грлиќ Радман изјави дека е важно западно балканските земји да покажат резултати во развојот на добрососедските односи и усогласувањето на нивните политики со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската унија. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски ќе настапи во…
Како што известуваат од неговиот тим, в…
Кучиња скитници касале луѓе во повеќе македонски…
На 03.02.2023 во 19.25 часот во СВР…
(Видео) СТРАШНА БУРА ВО БУДВА: Ветер од…
Силен ветер и бура се забележани во…
Дуда: Ќе кренам железна завеса до небо…
Во своето обраќање до медиумите, Дуда истакна…
Грковска од Вашингтон: Со одолговлекување на членството…
За Македонија, како најнова членка на НАТО…