Објавено на:

За што се спрема Србија? Планираат набавка на борбени авиони “Рафал”

t

Србија планира да набави француски борбени авиони од типот „Рафал“. Ова го изјави српскиот претседател Александар Вучиќ за новинската агенција Ројтерс, што, според британскиот медиум кој се повикува на експертска анализа се оценува како „ нов знак дека Белград се дистанцира од традиционалниот снабдувач на оружје и сојузник Русија“.

– Се преговара за купување на 12 нови авиони, а со друга земја сме во разговори за набавка на дополнителни 12 половни авиони од истиот тип – посочи српскиот претседател.

Како што наведува францускиот весник Трибјун, разговори најпрво биле водени за шест авиони, а потоа за 12 нови летала.

Компанијата „Дешалт евиејшн“  својата понуда на српското министерство за одбрана ја предала на почетокот на март, а како што додаваат француските медиуми, набавката на нови борбени авиони би ѝ овозможила на Србија да ја модернизира својата флота, составена главно од стари „мигови“.

Ројтерс во исто време потсетува дека Србија пред три години го купи „Мистрал“ францускиот систем на ракети земја-воздух, а во 2016 година таа од Франција набави и неколку хеликоптери од марката „Ербас“.

„Заинтересирани сме да го купиме Рафал, бараме најдобар начин да ги купиме, а при тоа да не ги загрозиме нашите јавни финансии – додаде Вучиќ.

Претседателот на Србија посочи дека Белград размислува и за купување на дополнителни други авиони со цел да ги заменат воените летала произведени во поранешна Југославија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ вети дека ќе го спроведе договорот?…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека…

Србија сепак ќе мора да прифати членство…

Специјалниот претставник на Европската унија (ЕУ) за…

Вучиќ ја зголемува социјалната помош за над…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Вучиќ не верува дека Србија ќе стане…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не…

САД ја поздравуваат нормализацијата на односите меѓу…

 Портпаролката на Советот за национална безбедност на…