Збогум на рускиот гас во Македонија

ЛНГ терминалот во Александрополис ќе им помогне на Србија, Македонија, Бугарија, Романија, па дури и на Украина да ја намалат и евентуално да ја елиминираат зависноста од рускиот природен гас, изјави денеска претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу.
Таа за „Политика“ изјави дека терминалот ќе отвори нова порта на диверзификација за снабдување со природен гас за северните соседи на Грција, кои имаат мал или никаков пристап до алтернативни извори и рути за снабдување.
„Во комбинација со Трансјадранскиот гасовод, гасоводот Ист Мед и гасниот интерконектор Грција- Македонија, централата во Александрополис ќе им помогне на Србија, Македонија, Бугарија, Романија, па дури и на Украина да ја намалат и на крајот да ја елиминираат нивната зависност од рускиот гас“, рече претседателката на Грција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој ќе го наследи Ципрас: Каселакис и…
Со 45,47 отсто од гласовите, Стефанос Каселакис…
Силни земјотреси во Грција и Италија утрово!
Серија земјотреси утрово ги стресоа Грција и…
Заев: Очекувам грчката страна целосно да го…
Имплементацијата на Договорот од Преспа продолжува и…
Грција ќе добие 2,25 милијарди евра помош…
Поплавите предизвикаа штета на над 700 квадратни…
24-часовен штрајк на бродскиот сообраќај во Грција
Траектите во цела Грција денеска ќе останат…