Звицер е осуден: Ако некогаш го фатат ќе лежи 2,5 години за фалсифукување пасош

t

Во Вишиот суд на специјалното одделение за борба против корупцијата во Нови Сад денеска беше изречена пресудата против Радој Звичер, наводниот водач на Kавачкиот клан.

Тој е осуден на единствена казна затвор во траење од две години и пет месеци за наведување на невистинитоста на содржината и продолженото кривично дело фалсификување исправа.

Mу се судеше во отсуство, а по него беше распишана потерница на 20 мај 2021 година на предлог на Вишото јавно обвинителство на Специјалното одделение за борба против корупцијата.

Обвинетиот Миленко Ѓукиќ, сега поранешен полицаец од Темерино, е осуден на единствена казна од две години и три месеци поради злоупотреба на службената положба и предизвикување невистинитост на содржината да се потврди.

Судијката Ана Стамениќ образложувајќи ја пресудата рече дека во текот на постапката е докажано дека Ѓукиќ го сторил кривичното дело за кое е обвинет и дека тоа не го сторил како обичен вработен, туку како полициски службеник, што е отежителна околност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во гранатирање почина потпретседателката на парламентот на…

Потпретседателката на парламентот на непризнатата проруска Донецка…

Тројца кандидати во трка за директор на…

Емилија Шопар-Јованова, Ненад Савески и Наташа Габер-Демјановска…

(Видео) Хаос во Северна Митровица: Пронајдена бомба…

Екипата за деминирање на косовската полиција неутрализираше…

Полска го прифаќа предлогот на Германија: Распоредува…

Полскиот министер за одбрана денеска најави дека…

Курти за инцидентите во Косово: Ќе обезбедиме…

Косовскиот премиер Албин Курти најави дека Владата…