Зекири ќе биде спроведен со полиција во Кривичен!

Судија на претходна постапка, од Кривичниот суд – Скопје, издаде наредба до надлежната полициска станица за спровод на Мухамет Зекири, кој денеска објави дека дава неотповиклива оставка од позицијата генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија.
– По добивање на предлогот, во Законски предвидениот рок судија на претходна постапка, согласно одредбите од ЗКП издаде наредба до надлежната ПС за спровод на осомничениот и тоа на единствената адреса посочена во предлогот. Откако, осомничениот ќе биде изведен пред судијата и ќе се произнесе во однос на предлогот на Јавниот обвинител ќе биде изготвено решение за кое странките и јавноста ќе бидат благовремено известени, велат од Кривичен суд – Скопје.
Основното јавно за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор против Мухамет Зекири заради постоење основано сомнение за сотрено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Украинците на Евровизија победија со крадена…
Песната со која Украина победи на Евровизија…
Голем пожар во тетовско: 20 пожарникари се…
Во пожарот со мало задушување се соочиле…
Шведска испраќа дипломати во Анкара: Ќе се…
Шведска ќе испрати дипломати во Турција за…
Министерство за одбрана на Русија: Соборивме три…
Руската армија во текот на ноќта собори…
На 5 јуни поглаварот Стефан ќе сослужува…
На празникот Св. Тројца на 5 јуни…