Објавено на:

Зеленски: Војната на Русија против Украина мора да заврши со ослободување на Крим

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека конфликтот со Русија нема да заврши додека не се ослободи црноморскиот полуостров Крим, кој Москва го анектираше.

„Крим е украински и никогаш нема да се откажеме од него“, рече Зеленски во своето ноќно видео-обраќање.

„Црноморскиот регион не може да биде безбеден сè додека Крим е окупиран“, рече тој. „Нема да има стабилен и траен мир во многу земји на брегот на Средоземното Море се додека Русија може да го користи нашиот полуостров како своја воена база. (…) Оваа руска војна против Украина и против цела слободна Европа започна со Крим и мора да заврши со Крим – со негово ослободување“, рече Зеленски.

Претходно во вторникот беа пријавени експлозии во руска воена база на полуостровот на Црното Море, а владата во Киев соопшти дека не е одговорна. New York Times објави дека украинската војска нападнала клучна руска воздушна база таму со непознато оружје. Крим е под контрола на Москва откако Русија го анектираше полуостровот во 2014 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕХФ го затвори случајот со реваншот од…

Eвропската ракометна федерација денеска го затвори случајот…

Жена (61) запалила ѓубре, пожарот се проширил…

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе…

Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…

Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…

Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…

Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…

Израел е на пат кон остварување на…