Зеленски: Во војната загинаа 184 украински спортисти

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека 184 украински спортисти се убиени во војната против руските окупатори од февруари.
Зеленски ова го изјави на денешниот разговор со претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах.
Зеленски се обиде да му објасни на Бах зошто Киев се противи на учество на руски спортисти на Олимписките игри што ќе се одржат во Париз во 2024 година, соопштија од кабинетот на украинскиот претседател. Самиот Бах, да потсетиме, рече дека учеството на руските и белоруските спортисти на Олимписките игри во 2024 година „се уште е под знак прашалник“.
Украина е разочарана од, како што рече, „намерата на ИОК да им дозволи на Русите и Белорусите да се натпреваруваат под неутрално знаме“, рече Зеленски.
Не можете да бидете неутрални кога се уништени самите основи на мирниот живот, а се игнорираат универзалните човечки вредности. Праведен одговор на таквите дејствија може да биде само целосна меѓународна изолација на терористичка држава. Особено, ова се однесува и на меѓународни спортски натпревари, рече Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Тешка сообраќајна несреќа во Топанско Поле!
Тешка сообраќајна несреќа доцна вечерва се случи…
Во 59 минута најтажниот громогласен аплауз во…
На почетокот од 59. минута од вечерашниот…
Селективна правда втор дел? Зошто актуелни функционери…
Фејсбук страницата Bella Ciao продолжи да ги…
Џеј Ди Венс во петок ќе го…
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска изјави…
Москва е гневна откако Зеленски позираше покрај…
Фотографијата од украинскиот претседател Володимир Зеленски, на…