Објавено на:

Зеленски ги повика ОН да ја осигураат безбедноста на нуклеарната централа “Запорожје” како стратешки важен објект

t

Зеленски разговараше со Гутереш и Ердоган за договорот за храна и нуклеарната централа Запорожје.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган разговарал за воената соработка, ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје и договорот за храна.

„За време на средбата во Лавов со Реџеп Тајип Ердоган, разговарав за можноста за подобрување на иницијативата за житото, за ситуацијата во врска со нуклеарната централа Запорожје. Го допревме и прашањето за одбранбената соработка“, напиша Зеленски на својот канал на Телеграм.

Зеленски денеска во Лавов се сретна и со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, со кого разговараше и за ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје, како и за продолжувањето на договорот за храна, кој беше потпишан на 22 јули во Истанбул од страна на претставниците на Русија, Турција, Украина и на Обединетите нации. Според договорот, беа укинати ограничувањата за извоз на руски производи и договорен е извоз на украински жито, прехранбени производи и ѓубрива од три пристаништа на Црното Море, меѓу кои и Одеса.

Володимир Зеленски ги повика Обединетите нации „да ја осигураат безбедноста на нуклеарната централа Запорожје, како важен стратешки објект“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бебе загина во ракетен напад во Запорожје

Руските сили денеска продолжија со ракетните напади…

ОН не можат да го утврдат виновникот…

Обединетите нации не можат да ги утврдат…

Голем успех – Рогов: Регионот Запорожје е…

Во областа Запорожје се подготвени да ја…

Војната официјално “може да почне”: Рускиот парламент…

Советот на Федерацијата едногласно го одобри указот…

Аларм во нуклеарната централа Запорожје: Прекинато снабдувањето…

Украинската нуклеарна централа Запорожје (ZNPP) го загуби…