Зеленски до пратениците во Бундестаг: Вашата поддршка дојде предоцна за да се спречи војната
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обрати на пратениците на германскиот Бундестаг и во таа прилика и се заблагодари на Германија на помошта, но исто така на пратениците им посочи дека нивнта поддршка „дошла предоцна за да се спречи војната“.
– Затоа што „никогаш повеќе“ не важи. Која е историската одговорност на Германија кон Украина денес?, праша тој, пренесува Би-Би-Си.
Зеленски ги критикуваше германските лидери за деловните интереси на земјата во Русија.
– Можевме да ја видиме вашата подготвеност да продолжите да соработувате со Русија и сега сме во средината на Студената војна. Повторно, ова е нешто што не сте го виделе. Сè уште се заштитувате зад ѕид кој не ви дозволува да видите низ што поминуваме, рече Зеленски.
Тој ја повика Германија да се справи со руската агресија и да воведе построги санкции кон Москва.
– Мирот е поважен од приходите, им рече тој на пратеницит.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Џерусалим Пост“: Камала Харис го поддржува Израел
Кампањата на претпоставениот демократски кандидат за претседател…
Вечерва горат 15 пожари низ Македонија, а…
ентарот за управување со кризи (ЦУК) информира…
Русија: Во правец на Харков погодивме едно…
Еден од клучните командни пунктови на Вооружените…
Полицијата во Германија не верува дека постои…
Полицијата во Германија не верува дека постои…
Гори на Вардариште во Скопје, интервенираат неколку…
Неколку противпожарни возила се обидуваат да го…