Зеленски е номиниран за Нобеловата награда за мир

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски беше номиниран за Нобеловата награда за мир од група европски политичари во отворено писмо упатено до Нобеловиот комитет, пренесува БНР.

„Светот е шокиран од фотографиите на војната кои доаѓаат од Украина. Милиони семејства сега живеат во страв, нивните домови и егзистенцијата се загрозени од бомбардирање и инвазивна војска. Сведоци сме на храброста на народот на Украина кој дава отпор на оваа војна предводена од Руската Федерација“, напишаа дипломатите во писмото до Нобеловиот комитет.

Групата побара рокот за номинација да се продолжи до 31 март, со цел Зеленски и народот на Украина да се сметаат за номинирани за Нобелова награда. Писмото, кое е отворено за потпишување до 30 март, веќе е потпишано од 36 политичари од цела Европа.

За да ја земе предвид номинацијата, Нобеловиот комитет ќе мора да направи исклучок од своето правило, кое вели дека сите номинирани мора да бидат препорачани за наградата пред 31 јануари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УШТЕ 70.000 ЧЕЧЕНСКИ БОРЦИ се подготвени да…

Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров изјави дека…

Голем успех: Сребро и бронза за македонските…

Од завршеното Светско првенство во кик бокс…

Лиз Трас смени министер бидејќи недолично се…

Британската премиерка Лиз Трас го смени министерот…

Сакам да сум денес динамит и сè…

Професорката по македонски јазик Билјана Котлар-Сакоман за…

Пентагон: Путин не донел одлука за употреба…

Пентагон оцени дека нема знаци дека рускиот…