Зеленски лут на ИОМ: Не можете да бидете неутрални

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во разговор со претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах изјави дека во војната против руските окупатори од 24 февруари досега во земјата загинале 184 украински спортисти.
Зеленски се обидел да му објасни на Бах зошто Киев се противи на учество на руски спортисти на Олимписките игри што ќе се одржат во Париз во 2024 година, соопшти кабинетот на украинскиот претседател.
Претседателот на ИОК, претхоно има изјавено дека учеството на руските и белоруските спортисти на Олимписките игри во 2024 година „се уште е под знак прашалник“.
Украина е разочарана од, како што рече, „намерата на ИОК да им дозволи на Русите и Белорусите да се натпреваруваат под неутрално знаме“, рече Зеленски.
-Не можете да бидете неутрални кога се уништени самите основи на мирниот живот, а се игнорираат универзалните човечки вредности. Праведен одговор на таквите дејствија може да биде само целосна меѓународна изолација на терористичка држава. Особено, ова се однесува и на меѓународни спортски натпревари, рече Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во среда ќе нема струја од 4…
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре…
Хидранти нема ни во Совет на Општина…
Кумановските советници не дај Боже ќе изгорат…
(Фото) Тешка сообраќајна несреќа во Топанско Поле!
Тешка сообраќајна несреќа доцна вечерва се случи…
Во 59 минута најтажниот громогласен аплауз во…
На почетокот од 59. минута од вечерашниот…
Селективна правда втор дел? Зошто актуелни функционери…
Фејсбук страницата Bella Ciao продолжи да ги…