Објавено на:

Зеленски: На истокот дневно гинат по 100 Украинци

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека во борбите на истокот од земјата секој ден гинат меѓу 50 и 100 Украинци. Притоа тој очигледно мисли на воените жртви на конфликтот.

Најжестоки борби деновиве се водат околу градовите Северодонецк и Лисичанска, во Луганск, еден од двата региони што ја сочинуваат провинцијата Донбас на истокот на земјата, која Русите се обидуваат да ја освојат.


Сергеј Гајдаи, гувернерот на Луганск, во телевизиско интервју изјави дека Русија користи „тактика на изгорена земја“ и дека Северодонецк е нападнат „од четири различни правци“. Но, тој тврди дека руските сили не успеале да влезат во градот.

Дописничката на Гардијан од борбите во Украина, Ема Греам-Томпсон, наведува дека земјата досега не била особено транспарентна за сопствените воени жртви, додавајќи дека фактот што Зеленски отворено зборува за бројките значи дека во последниот месец на истокот од земјата се убиени 3.000 Украинци, додавајќи по некој збор за тоа колку се брутални борбите што таму се водат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русите го окупираја Северодонецк, објави градоначалникот

Руските сили сега го контролираат Северодонецк во…

Руските трупи во Лисичанск: Се водат улични…

Руските и проруските сили влегле во Лисичанск…

Светските лидери се соочуваат со кризи на…

Каква разлика прави една година. Огромните предизвици,…

Кличко од Али Екпрес: Му се јавувал…

Според портпаролката на Гифи, Лиза Фрихс, првите…

Украинска армија: „Масовно“ бомбардирање од Белорусија врз…

Северниот пограничен регион на Украина Чернигов беше…