Објавено на:

Зеленски: На Русија ќе и одговориме со иста мера

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Киев нема да биде задоволен со примирје на бојното поле и дека неговата цел е да ја врати контролата врз териториите окупирани од Москва.

Добивај вести на вибер
„Веќе изгубивме премногу луѓе за едноставно да ја отстапиме нашата територија“, рече Зеленски преку видео врска на настан организиран од ФТ.

Тој додаде дека примирјето не е опција за Киев.

„Мораме да постигнеме целосна деокупација на целата наша територија“, рече Зеленски.

Киев претходно објави дека руските сили сега контролираат околу 20 отсто од украинската територија.

„Никого нема да понижиме, ќе одговориме со иста мерка“, рече Зеленски запрашан за изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека не треба да ја „понижуваме“ Русија за да ја држиме отворена вратата за дипломатско решение.

Украина се надева дека западните испораки на оружје со поголем дострел, вклучително и американскиот ХИМАРС и британскиот артилериски ракетен систем М270, би можеле да помогнат во потиснувањето на руските сили.

Зеленски, исто така, рече дека е многу среќен што британскиот премиер Борис Џонсон, еден од најсилните сојузници на Украина, го преживеа гласањето за доверба на пратениците од неговата Конзервативна партија во понеделникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи: Уставните измени што побрзо да станат…

Уставните измени треба што побрзо да станат…

ДОМ на Конгрес на европските зелени: Морачанин…

Делегација на зелената партија ДОМ во состав:…

Османи: Видов недвосмисленост кај членовите на Владата…

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета…

Едно лице е приведено: Детали за вчерашната…

Во полициска акциска контрола во угостителски објекти…

Османи тврди: Историската комисија со Бугарија не…

Најодговорно тврдам дека македонско-бугарско историска Комисија не…