Зеленски објави: Добил покана да присуствува на самитот на Г-20 иако Украина не членка

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска на Твитер објави дека индонезискиот претседател Јока Видода го поканил на Самитот на Г-20, што се одржува кон крајот на годината во Индонезија.
Украина не е членка на Г-20, но лидерите на Групата ќе ја поканат Украина да присуствува на собирот.
Г-20 претходно ја осуди руската инвазија врз Украина. Неколку земји-членки на Г-20 повикаа на исклучување на Русија и нејзиниот претседател Владимир Путин од Самитот на Бали во ноември, но Индонезија, која претседава со Г-20 наведе дека е прерано да се одлучи.
Индонезискиот министер за финансии Шри Мулјани Идравати призна дека Г-20 се соочува со невидени предизвици, но повика на соработка за надминување на пречките кои го забавуваат глобалниот раст.
Минатата недела на состанокот на министрите за финансии на Г-20 во Вашингтон, претставниците на САД, на Велика Британија и на Канада ја напуштија салата кога зборуваа руските претставници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Захарова: Загрижениот Запад им праќа на украинските…
Малку е веројатно дека на Запад се…
Бугарија за половина година ѝ дала на…
Софија му предаде на Киев оружје во…
Обединетите нации загрижени за кршење на човековите…
Структурите за човекови права на ОН регистрираат…
Јотова стана миротворец: Се залага за преговори…
Бугарскaта потпретседателка Илијана Јотова се залага за…
Украински дрон експлодираше на 250 километри од…
Во областа Тула во Русија, недалеку од…