Објавено на:

Зеленски од Гранада: Главен предизвик е да го зачуваме единството на Европа

t

Главен предизвик е да се зачува единството во Европа и тоа не само на ЕУ, туку и на целиот европски континент, во услови кога Русија напаѓа со информации и дезинформации, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски при пристигнувањето на состанокот на Европската политичка заедница во Гранада.

– За Украина е особено важно да обезбеди одбранбен штит за претстојната зима, кога се очекуваат напади од различен вид руски проектили, ирански дронови и слично, додаде Зеленски.

Во однос на одлуката на Конгресот на САД за запирање на финансиската помош за Украина, Зеленски рече дека при неговиот престој во Њујорк на Генералносо собрание на ОН разговарал со американскиот претседател Џо Бајден, кој изразил стопроцентна поддршка за Киев од негова страна и од страна на неговите сопартијци во Конгресот.

– Сакако, ова е период на предизборие во САД кога се слушаат разлчни изјави, некои од нив се многу чудни, но денеска ќе разговараме и за нив, додаде Зеленски во кусата изјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Среќна Нова 2025 година ви посакува редакцијата…

Почитувани читатели и гледачи на Инфомакс, од…

(Фото) Скопјани традиционално се собраа на плоштад…

Скопјани традиционално се собраа на плоштадот „Македонија“…

(Фото) Новата година пристигна во Москва

Руската престолнина Москва ја дочека новата година.…

Доналд Туск: НАТО ќе ја зајакне контролата…

Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека…

(Видео) Еве како Дубаи ја дочека новата…

Дубаи влезе во 2025 година со спектакуларен…