Објавено на:

Зеленски побарал од Европската комисија 7 милијарди долари месечна помош

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ѝ кажал на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен дека на Киев му требаат 7 милијарди долари месечно итна финансиска помош за покривање на социјалните плаќања и платите, објави Блумберг.

Зеленски го поднесе ова барање за време на посетата на Фон дер Лејен на Киев минатата недела. Тој зборуваше за проблемите со кои се соочува Украина во обидите за извоз на жито. Според извори, Фон дер Лајен рече дека ЕУ ќе спроведе забрзани процедури за преминување на границата за да му помогне на Киев со ова прашање.


Претходно, Советот на ЕУ се согласи да обезбеди дополнителни 500 милиони евра воена помош за Украина, со што вкупниот износ на воената помош на ЕУ за Киев ќе достигне 1,5 милијарди евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: На истокот дневно гинат по 100…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека во…

Путин до Зеленски: Ако продолжите вака Украина…

Путин ја нарече тешка одлуката за специјална…

Зеленски: Сигурен сум дека наскоро ќе можам…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во нова видео…

(Видео) Зеленски се обрати на митинзите за…

Митинзи против руската агресија се одржаа во…