Објавено на:

Зеленски повика на глобални протести против Русија

t

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното видеообраќање ги повика на протести луѓето од целиот светот.

Тој истакна дека луѓето во целиот свет денеска, кога се навршува еден месец од руската инвазија, да излезат и да протестираат бидејќи „војната на Русија не е само војна против Украина“.

– Русија ја започна војната против слободата … Русија се обидува да ја порази слободата на сите луѓе … Светот мора да ја запре Русија. Светот мора да ја запре војната, посочи Зеленски.

Тој упати апел демонстрантите да носат украински симболи.

– Отидете на вашите плоштади, на вашите улици. Бидете видливи и да ве слушнат. Кажете дека луѓето се важни, слободата е важна, луѓето се важни, мирот е важен. Украина е важна, посочи Зеленски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Горд сум што го зачувавме мирот!

Горд сум што успеавме да го зачуваме…

НАТО членките го потрошија своето оружје во…

Две третини од земјите на НАТО го…

Спасовски: Државата и граѓаните се безбедни со…

Со #СДСМ, граѓаните и државата се на…

Кадиров: Целта на специјалната операција е целосно…

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, на апликацијата…

Каде исчезнаа 170.000 Македонци од Пиринска Македонија?

Бугарската ирационална и антимакедонска политика повторно исплива…